Ќе се претставуваат можностите за студирање и здобивање со високо образование.

По Штип и Струмица, во четврток, 27 април можностите за студирање на универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ќе бидат презентирани и во Кавадарци.„Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип како второрангиран универзитет во државата според најновото рангирање на Шангајскиот универзитет, преку директна комуникација со средношколците од завршните години, како и сите останати заинтересирани за студирање ќе им ги презентира условите за студирање и за учествување во сите активности што ги нудат центрите на Универзитетот. На овој начин тие ќе можат да разговараат со наставничкиот кадар и со актуелните студенти на УГД, да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски, спортски активности, за учество во програмите за студентска размена и посета на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето на стипендии“ - се вели во информацијата од универзитетот.