МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

13 денари за килограм Вранец (19 шеќерни единици)11 денари за килограм Смедеревка(17 шеќерни единици)

За Вранецот договорена е и цена од 0.68 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена за сортата во случај кога производителите на грозје ќе предадат грозје со повисока или пониска вредност од 19 шеќерни единици.

За Смедеревката, 0.64 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена во случај кога производителите ќе предадат грозје Смедеревка со повисока или пониска вредност од 17 шеќерни единици.

Сите откупувачи на грозје и винарски визби, откупните цени согласно договорените минимални цени и цените по шеќерна единица ќе ги истакнат на видно место на своите откупни пунктови. Цената на винското грозје од т.н. висококвалитетни сорти во секој случај ќе биде повисока од договорените цени за сортите Вранец и Смедеревка и ќе се утврдува.

Откупувачите на грозје и лозарите постигнаа договор за минималната откупна цена на килограм винско грозје на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од таму посочуваат дека исплатата на откупеното винско грозје ќе биде во законски утврдениот рок согласно Законот за виното.