МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Висина на донацијата е во вредност од околу 11. 700 евра

Детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци во месец април го прослави својот 54 годишен јубилеј, а ова беше дополнителен повод компанијата Дрекслмајер да обезбеди нов мебел за дечињата од објектот „Снежана“. Оваа градинка е комплетно опремена со нови шкавчиња дизајнирани според барањата и потребите на децата и персоналот.При денешната посета на градинката, дечињата на традиционален начин им посакаа добредојде на претставниците на компанијата, а како знак на благодарност тие подготвија приредба со интересни точки. Присутни во публиката беа и некои од родителите на дечињата кои се вработени и се дел од тимот на Дрекслмајер.

„Сите постоечки шкавчиња во објект „Снежана“ беа заменети со нови, а онаму кадешто имаше потреба беа вградени и дополнителни. Благодарение на поддршката од Дрекселмаер престојот на дечињата во нашата градинка е многу пофункционален и шаренолик. Овој проект е доста значаен за нас, а неговата целокупна реализација е во висина од околу 11 700 евра“, рече директорката на детската градинка „Рада Поцева“, Цана Добринова.

„Децата се нашата иднина, а нивната иднина е наша одговорност, токму затоа ние и понатаму активно ќе се ангажираме за долгоречен развој на овој регион преку понатамошна поддршка на образовни и социјални установи. Се разбира, како и досега нема да изостанат ниту проекти од спортот и културата како области на кои компанијата исто така се фокусира“, истакна Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер Македонија.