МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Здружениетео „Напредни лозари„ на својот Фејсбук профил го искажува својот став во врска со цените и откупт на винско грозје

„Последен АПЕЛ на здружението “Напредни Лозари“ до винариите, Премиерот, Министерот за земјоделие и медиумите

Управниот Одбор на здружението “Напредни Лозари“, ги повикува сопствениците на винариите и останатите откупувачи на грозје, да соберат сила и покажат доблест, та наместо крајно арогантниот и уценувачки став, да покажат разбирање за сериозните проблеми со кои се соочуваат производителите на грозје а кои проблеми се директна последица на крајно мизерните и ппонижувачко-ниски откупни цени на грозјето. Секоја цена под 25 денари за килогарм откупено винско грозје од најевтината сорта на грозје претставува тежок напад врз основните егзистенцијални потреби на лозарите и воедно нехуман, нечовечки и понижувачки однос со што лозарите се доведуваат на дереџе на робови. Како здружение кое стои исправено пред потребите на лозарите, бараме од вас, ваквиот однос да го замените со обострано кооперативен и однос од кој ќе произлезе обострано задоволство а благодетите на заедничкиот ни прозиводот да ги почувстуваат и лозарите.Доколку се нема сенс и хуманост од страна на газдите на винариите и откупувачите на грозје, Управниот Одбор на здружението “Напредни Лозари“, ги повикува Претседателот на Владата, Министерот за земјоделие и останатите релевантни фактори во владата на РМ, доклку нас лозарите не сметаат за рамноправни граѓанои на оваа држава, да ги искористат сите политички и економски алатки и механизнми кои им се на располагање и во рамките на нивните надлежности и овластувања ИТНО да извршат влијание на сопствениците на винариите и откупувачите на грозје, откупната цена на најевтината сорта на грозје – смедеревката да биде поставена на 25 денари за килограм откупено грозје со минимум 16 шеќерни единици а за сортата вранец истата да биде 30 денари за килогарам откупено грозје со минимум 18 шеќерни единици. За секоја шеќерна единица над овие вредности да се формира и табела со дополнителни бонуси.Ако сопствениците на винариите и откупувачите не ги прифатат овие услови на производителите на грозје, БАРАМЕ од наведените еминенции, ИТНО да ги спроведат сите мерки кои се потребни за брзо отварање на пазарот за странски откупувачи на грозје, па дури и со нивни откупни пунктови во нашата држава. Цените ќе се формираат спогодбено меѓу откупувачите и ценовниот Одбор на Здружението.Во спротивно и Премиерот, и Министерот за земјоделие нека размислуваат за воведување на субвенции за копачење – уништување на лозовите насади.Поради моментумот и чувството дека е отпочнато едно одолговлекување на решавањето на проблемот со откупот, од страна на Здружението “Напредни Лозари“ на сопствениците на винариите, откупувачите на грозје, Владата и Министерството за земјоделие им се остава една недела од моментот на објавување на оваа објава, по што во зависност од нивниот одговор, ќе биде свикан Управниот Одбор за донесување на соодветна оптимална Одлука.Ниските удари како што се формирање на тн “Регонално здружение на лозари“ со иста раководна постава како онаа на поранешното квазиздружене Агротиквешија (без струмичкиот но со сопотскиот бркајлија) нема да поминат.

Поставено на ФБ страницата на здружението “Напредни Лозари“ на ден 10.08.2019 година.По електронски пат Доставено до Премиерот на Владата, Кабинетот на Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство и до медиумите. „