Се работи за 8 остварени претстави за само 20 дена за која билетите се продаваат однапред.Тоа е голема работа во тетарот како нашиот.
-„Очекував дека ке биде добра престава.Но ова не го очекував.Нам ни се случи театарски бум. Две престави да бидат однапред распродадени. За 20 години, ова не ми се случило.На билетара да се продадат две престави досега не било„ вели актерот и режисер Диме Коцевски.
-„Јас сметам дека имаме ваков позитивен развој на состојбата затоа што : Имаме добра претстава,имаме добра екипа која е посветена на тоа што го работат и добрата врска(флуид) која ја воспоставивме со публиката.„ вели тој и додава дека ова тетатарско остварување ке гостува и во други градови во земјата и во Скопје.Во неа играат актери кои поодамна се бават со глума и аматери, што зборува за одличниот спој на искуството и театарскиот предизвик.
Критиките кај публиката ,особено она што ги гледала „Стјуардеси„ се позитивни.Два часа чист хумор, ведрина,релаксација главно е поздравена од оние кои ја гледале.Одамна не било така и тоа на целиот ансамбл и на Домот на Културата им импонира.Честитки за Диме и екипата.
Во прилог линк од целото Интервју