МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЦЕЛОДНЕВЕН БИЛЕТ САМО 70 ДЕН. - БЕСПЛАТНО ЗА ДЕЦА ДО 7 ГОД. И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Кавадарчани викендов добија прекрасно катче за бегство од големите градски горештини и високите температури. Во саботата официјално започна со работа Градскиот базен кој нуди разладување, забава и дружење за сите возрасти. Објектот ке работи секој ден од 10 до 18 часот како базен а после 18 часот како угостителски објект. Угостителските услуги на базенот се по релативно пристапни цени. Влезот ке чини 70 ден а за деца до 7 год и за лица со посебни потреби влезот е слободен. Водата на базенот е кристално чиста и се контролира и третира секојдневно, а постои и служба за спасување и обезбедување која внимава на сите, особено на оние кои ги користат скокалниците каде е дозволено да се скока само од првата и втората скокалница. За дневната забава се грижат ди-џеи а не е исклучено и гостување на познати имиња од естрадата. Во вечерните часови исто така предвидени се гостувања на познати и признати имиња од домашната и странската музичка фела. Да напоменеме дека заради пандемијата се почитуваат сите протоколи па базенот ке работи со капацитет од 1000 посетители.

206759709_4514403301937087_6613955344392835550_n