МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поголеми малолетници од ромска националност физички нападнале деца(малолетници) кои играле кошарка.Случајот е пријавен во МВР.

Во ПС од ОН Кавадарци на 29 Април е пријавено дека две групи малолетници на игралиштето на ОУ„Страшо Пинџур“ Кавадарци играле баскет. Околу 12 часот се случил инцидент вo кoј биле претепaни две мaлoлетни децa (11 гoд.) oд стрaнa нa пет други мaлку пoвoзрaсни децa oд рoмскa нaциoнaлнoст. Од МВР го потвдрдуваат за случајот.За тоа има и соодветен записник.Случајот ке биде процесуиран.Неофицијално дознаваме дека нема поголеми телесни повреди кај децата, но, секаков начин на загрозување на животот на децата е повреда , а повеке од се важни се менталните или стрестните последици од нападот. Овој пат за среќа, наводно немало,поголеми физички последици. На социјалните мрежи од каде го презедовме настанот се нагласува дека петте шести деца од ромска националност секојденвно се изживувале врз деца кои учат или си играат попладнето во дворот на училиштетето, и наводно досега не е преземено ништо за да се заштитат децата.Тие гласно се прашуваат цитираме ; „ке чекaме дa се случи нештo пoлoшo пa пoсле сите дa жaлиме“.Инаку дворот на училиштето има 24 часовно службено обезбедување.Од училиштето „Страшо Пинџур„ го потврдуваат случајот и велат дека се се одвивало во време кога ова институција не работи-(сабота).Едно од децата кои се учесници во тепачката е нивни ученик и заради неговиот статус упатиле со Центарот за социјлни работи соодветен допис да се преземат мерки за згрижување на ученикот,или преземање на други мерки според законот, но за жал досега не е постапено соодветно.Тие подолго време укажуваат на можни последици и од вакви дејства, велат од училиштето. Од локлната самоуправа очекуваме официјален став, иако од поодамна ни е одговорено дека ромската населба и жителите кои живеат во дивата населба до СОУ„Ѓорче Петров“ се проблем за секојдневието на граѓаните и самото училиште, а сега гледаме и на поголем регион на УЗ„Страшо Пинџур„.Само потсетуваме за честите кражби во училиштетео и оштетувањата на оградата, уништување наоградата и дрвца на „СОУ„Ѓорче Петров“,кражби на огревни дрва,напади и кражби врз недолжни деца кои си одат или доаѓаат на училиште,фрлање на секаков отпад и загадување на регионот околу дивата ромска населба.ЛС Кавадарци имаше намера да изгради типска населба за живеење на ромите , кои најверојатно, не потекнуваат од Кавадрци туку доаѓаат од други градови,и да изврши целосни дислоцрање од овој простор, но за жал не се оствари ова намера.Инаку и до нив секојдневно доаѓаат жалбите од граѓаните за непријатни сцени и случки предвизвикани од возрасни или деца на роми од ова населба.