Во првите шест месеци од 2017 година во СВР Велес се пријавени 236 сообраќајни незгоди
Намален е бројот на сообраќајки и жртви во првите шест месеци од годината на подрачјето кое го покрива СВР Велес, споредено со истиот период минатата година. Станува збор за повеќе општини од Вардарскиот регион. 
-Во текот на првите шест месеци во оваа година во СВР Велес се пријавени вкупно 236 сообраќајни незгоди од кои 2 биле со жртви, а во истиот период од минатата година во СВР Велес имало пријавено 311 сообраќајни незгоди од кои 4 биле со жртви, информираше за Верољуб Додевски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Велес.
 

			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
			  
 
                        
 
 
 
 
 
 