Општина Кавадарци објавува јавен повик за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.
Според повикот треба да бидат ангажирани 12 лица кои доброволно ќе извршуваат активности : оплеменување на зеленилото низ градот, засадување нови садници, подигање нови зелени површини, средување на јавните зелени површини, кастрење на вегетацијата, одржување на селски патишта и фудбалски игралишта.
Ангажирањето се однесува за 22 дена, и се регулира со склучување на договор. На невработените ќе им се исплаќа по 400 денари по лице дневно, со пресметан персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Инаку на корисниците на парична помош за времетраењето на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Заинтересираните треба да достават копија од лична карта и трансакциска сметка до општина Кавадарци. Рокот за пријавување е пет дена.