МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Домот на културата продолжува со серијата изложби на македонски сликари и скулптури.

На овој начин кавадаречката културна јавност се запознава со плејадата наши уметници кои се помалку или повеке присутни но малку афирмирани, или за нив знаат малку луге.Тоа, барем за мене е така а е потврда изложбата која беше поставена во Галеријата на 5 мај.

Имено на нашата ликовна и културна јавност и беа презентирани 28 дела-скулптури и интервенции во просторот заокружени во една скулптура на Ангел Коруновски и сликарот Глигор Васков.Во отсуствио на авторот на сликите, Круновски се осврна на познанството и спојот во творештвото кое тој пред повеке од 20 години го направил со неговиот колега сликар.Тие насекаде настапуваат заедно и во тоа имаат неминовен успех, барем тој така ни потврди вечерва, а и очигледно е во право, зашто апстрактните теми во сликите и скулптурите кореспондираа една со друга.

За Коруновски и Васков неколку воведни напомени даде директорот на Домот на Културата Владимир Темков, а ученици од ОМБУ„Лазо Мицев Рале„ настапија со музички композиции.

Ова изложба е насловена како“Рефлексии на херметичноста“.