МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Целосна обнова на горниот слој асфалт на површина од 4.500 м2 од ул „Вишешница“ кај Градската Капела до спојот со улицата „8 Септември“ кај старата бензинска.

Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ денеска започна со поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп.Станува збор за целосна обнова на горниот слој асфалт на површина од 4 500 м2., на потегот од ул „Вишешница“ кај Градската Капела до спојот со ул „8 Септември“ кај старата бензинска.

image-0-02-04-e66b5c3457f70c746491c7a68e7f026bb379f47c6f57941c9d9db2f3822c49ca-V.jpg

-„Со овој зафат се заокружува целосната обнова на западниот влез во градот. Претходно во два наврати звршивме целосно сфалтирање од Југокомерц до Градската капела со што во целост е ревитализиран најоштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“, вели градоначалникот Панов кој денеска беше на старот на асфалтитањето.

image-0-02-04-b10e56745eda0e889cdf8732e73301016b40086c6bd99950d47c832a0cc7594a-V.jpg

Планирано е работите за завршат во наредните два дена, со што влезот во Кавадарци од правец на Прилеп ќе се одвива по целосно обновена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот.