Деловната средба беше со цел зголемување на соработката и вложувањата во овие два града од страна на бизнис секторите.
Интензивирање на меѓусебната соработка на регионалните комори од градовите Кавадарци и Штип, предлог-иницијативи за поддршка на бизнис-секторот од двата региона, инфраструктурно поврзување и др, беа теми на денешната деловна средба меѓу регионалните комори од Кавадарци и Штип. На неа присуствуваа претставници од бизнис-секторот од двата региона и претставници од локалната самоуправа на општините: Кавадарци, Неготино, Росоман, Штип и Карбинци.
Деловната средба беше со цел зголемување на соработката и вложувањата во овие два града од страна на бизнис секторите.
(Извештај и изјави на Митко Јанчев-Регионална Стопанска Комора-Кавадарци, Наум Барзов – претседател на Регионална Комора Штип, Александар Панов – градоначлник на Кавадарци)