Советотна Општина Кавадарци ја одржа 57седница .Дефинитивно не е сигурно дека ова ке биде и последна седница во овој состав.
На денешната средба советниците се произнесоа по извештаите за манифестациите „Тиквешки гроздобер„ и Денот на лозарите-„Св.Трифун“.Извештаите беа усвоени со 11 гласа „за“, 6 „против“ ,Еден беше воздржан.Советникот Сашко Петров побара да биде извршена ревизија на договорот со организаторите на „Тиквешки гроздобер“.
Советот реши од буџетот да се наменат средства за здравствена заштита во селата Сопот и Возарци. Се донесоа одлуки за финансиска помош во лекување на граѓани а беше усвоена Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен обележја, како и одлука за подигање на спомен биста на Блажо Тодоровски – Чичето.
Советот на Општината ја усвои одлуката за давање на согласност за утврдување на висината на бод за исплата на плата на административните службеници вработени во ЈП „Комуналец. Во продолжение беше дадена согласност и на годишниот план за вработување во општината за 2017 година.
На предлог на советникот Ташо Радњански,беше подржано да запре неконтролираната сеча околу изворишниот дел на водоснабдителниот систем „Лукар“ со цел да не се загадува водата која ја пијат жителите на три општини:Кавадарци, Росоман и Неготино. Во ова смисла највисокото законодавно тело на Општината поднесе иницијатива ,а сливното подрачје на Стара Река одсистемот„ Лукар“ да се прогласи за заштитена зона за експлоатација. Беше подржана јавна трибина за овој проблем,како и да се преземат соодветни активности пред основното јавно обвинителство и да се задолжат стручните служби на општината и инспекторатот за земјоделство, шумарство и водостопанство како и инспекторатот за животна средина да извршат увид на местото каде е вршена сеча и потоа да се преземат соодветни мерки.