МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложба во Скопје на Владимир Темков-Шефе-со дела од неговиот Магистерски труд

Владимир Tемков постојано трага по смислата на ликовноста и во тоа успева.За да се утврди тоа треба да се погледат неговите слики посебно оние изработени во последниот опус кој е негов магистерски труд .Магистерската титува ке овозможи тој да работи како и универзитетски професор.Изработката не сите дела со кој Темков ја добива звањето магистер траеше подолго време а неговите слики се одликуваат со нова свежина.Со овој цуклус се надградуваат темите од неговите претходни слики а носат и други предизвици.Новина се новите димензии , од кои ,6 слики се со димензии 200 х 200 сантиметри.

18554545_10212004459140740_1877278821_n.jpg

Вкупно јавноста ке види 36 негови нови слики.Тој се соочува со убавината на природата, а тоа му го овозможува и на неговите подржувачи и љубители на негивата уметност.

18423813_10211934618514768_7495984168521880111_n.jpg

Владимир Темков е роден 1959 година,завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, отсек графика, а од 2001 година е член на ДЛУМ. Автор е на над 60 самостојни изложби во земјава и во странство, учесник на бројни групни постановки и колонии и од 1996 организатор на Меѓународната ликовна колонија во Кавадарци. Неговите слики биле изложени во Њујорк, Париз и други центри на културата во Европа и светот .За своето творештво уметникот е добитник на повеќе награди и признанија.

18554492_10212004447340445_1633596901_n.jpg

На 23 мај (Вторник) во 20 часот –во Галерија на Факултетот за ликовни уметности –Педагошка академија- Карпош 2, Владимир Темков се преставува пред скопската публика.Делата изработени за магистрскиот труд ке и бидат ставени на увид на јавноста а вистинските познавачи на уметноста ке умеат да оценат дека новите слики на кавадаречкиот сликар заслужувата високи оценки.За оние граѓани кои сакаат да присуствуваат на изложбата во Скопје,организиран е превоз со автобус со тргнување во 17 часот пред Домот на културата.