Најиграната комедија на сите времиња, безвременската „Женидба“ на големиот руски автор Николај Васиљевич Гогољ многу наскоро ќе биде поставена и на сцената на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.
„Првата фаза на распределба на улогите и читачките проби е веќе завршена, а во последните две недели се работи исклучиво на сцена. Актерската екипа која во континуитет ги „носи“ сите претстави во последните десетина години „засилена“ со познатиот македонски актер Ќире Андоновски, а под режисерската палка на Драган Вељановски ни подготвува вистинско театарско уживање, кое повторно ќе ги урива рекордите на гледаност“ - изјави Владимир Темков, директор на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.
Освен Андоновски како гостин, во „Женидба“ ќе ги видиме и нашите Александар Малинков, Диме Коцевски, Милица Гочевска, Љупчо Настов, Костадин Прокопов, Снежана Карова, Владанка Недева, Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева и Коле Колев“.
Се очекува претставата „Женидба“ премиерно да биде поставена во втората половина од месец октомври.