МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

– Еуроникел Индустри инсталира соларна постројка чија енергија ќе се користи во финалните фази од производниот процес. Фотоволтаиците се со капацитет од 153Kw на час во пик и постројката ќе го напојува новоинсталираниот систем за сушење на финалниот производ – фероникел гранули. Постројката веќе е приклучена на внатрешната енергетска мрежа. Користењето обновливи извори на енергија во производниот процес е дел од обемните инвестициски планови и проекти на Еуроникел Индустри чиј крајна цел е унапредување на целокупните работни перформанси, особено во делот на енергетиката и заштита и подобрување на животната средина.

„Соларната постројка е поврзана со системот за сушење на нашиот финален производ – фероникел гранули, што е многу важно за целосната оперативност на компанијата и трансформацијата кон користење обновливи извори на енергија во производниот процес. Придобивките од оваа инвестиција се повеќекратни, добиваме производ претпочитан од нашите клиенти, а сето тоа на енергетски ефикасен начин, со што придонесуваме и кон заштита на животната средина. Ова дополнително ја зголемува компетитивната предност на Еуроникел Индустри во однос на другите производители на фероникел. Поставувањето фотоволтаици е само првиот од повеќе планирани инвестиции во обновливи извори на електрична енергија што, исто така, е дел и од нашата посветеност на заштита и унапредување на животната средина“, изјави Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.

Целокупниот проект за инсталирање на соларната постројка е изработен исклучиво со сопствени ресурси од страна на подружницата на Еуроникел Индустри, Нова Инжинеринг, којашто ги поседува сите лиценци за проектирање и изработка на ваков вид проекти, а во соработка со инженерите и стручните лица од компанијата. Со овој проект, Нова Инженеринг уште еднаш ги демонстрираше своите разновидни компетенции да изработува специјализирани “custom-made” проекти согласно потребите на своите клиенти и тоа од нацрт проект до пуштање во работа.

Еуроникел Индустри е производител на висококвалитетен никел којшто го пласира на европскиот и светскиот пазар во конкуренција со производители од Европа, Америка, Канада, Австралија и други. Притоа компанијата ги имплементира сите најсовремени производни методи и стандарди за заштита на животната средина.

SolarProject_Refinery4 SolarProject_Refinery10