МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Според последните мерења во метеоролошката станица во Сопот регистрираните врнежи изнесуваат 13.90 mm на метар квадратен.

Ова влага во почвата е полезна и добредојдена речиси за сите култури особеноза есенските и пролетните кои се во фаза на вегетација а некои и во фаза на зреење како кај раните овошки.Целата вегетација е потхранета со природна влага која е незаменлива.Природата во околината на Кавадарци и планинскиот дел на Општината е зелена.Ова влага корисно делува на сите шумски билки.

Почвената влажност кај поледелските култури,ке се подобри особено кај јачменот кој се наоѓа во фаза на налевање на зрното и кога потребите од вода вообичаено се многу големи, се наведува во агропрогнозата Управата за хирометеоролошки работи (УХМР). Нестабилните временски услови, врнежите и зголемената влажност на воздухот поволно ќе влијаат на развојот на болести и штетиници кај растенијата, а земјоделските производители ќе треба во наредниот период да посветат особено внимание на нивна поинтензивна заштита.Последниот влажен бран со кој на одредени места има дневни натпросечни врнежи од дожд би требало да трае до крајот на викендот.Од недела и во текот на наредните денови потоа се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето па ваквите временски услови поволно ќе влијаат на растот и развојот на сите земјоделски култури, а и ќе се создадат оптимални услови за работа на отворено и вршење на редовните земјоделски кативности, информира Управата за хидрометеоролошки работи.