Вода ке дојде по 15 часот, велат во Комуналец
Невремето со пороен дожд и електричните празнења „виновни„ за недостигот на вода за пиење во делови на Кавадарци
Од синоќа а посебно денечестија реакциите на граѓаните на Кавадарци осбено во Новиот центар на градот и т.н.висока зона и високите катови за недостиг на вода за пиење.Оправданата реакција на граѓаните беше причина да побараме одговор во ЈП„Комуналец„-кое стопанисува со Доводот „Лукар“ и Градскиот водовод.Одовде со службената информација се вели дека причината за немањето вода е слична како неодамна.Големите врнежи и невремето се „виновни„ за намалениот доток во цефките.Имено големата количина вода која се слева по „Стара река“, од каде добиваме најголема количина вода ,потоа истата оди во четирите филтри поставени во непосредбна близина на изворите и зафатот. По пороен дожд како вчерашниот тие неможат да ја „исперат„ односно филтрираат целата вода која влегува во нив поради голема заматеност и присуство на листна маса, и затоа водата не влегува во филтрите и повторно оди во реката па така до потрошувачите доаѓа намалена количина вода што резултира со резултира со недостиг како денешниот.Покрај тоа грмотевиците ги оштетиле електричните делови за контролирање на вододободниот систем.До 15 часот, велат од Комуналец вода треба да има во сите делови на градот.Работници на „Комуналец„ се на терен и ке настојуваат да се воспостави водоснабдување е одговориот од Комуналец.Ако поројните врнежи ги имаме и денеска и утре, треба да се очекува слична состојба.