МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот и градоначалникот на Кавадарци бараат начин како да го решат проблемот со кучињата скитници.

Соочени со големиот број кучиња кои скитаат низ градот, но и со генералниот проблем во државава со малиот број оператори кои работат на проблематиката за хуман третман на кучиња, Советот на Општина Кавадарци на својата трета седница усвои Програма за заштита и благосостојба на уличните кучиња, со што тие ќе се заловуваат, ќе се кастрираат и обележуваат со микрочип. За таа цел ќе бидат издвоени околу 5000 евра од општинскиот Буџет.

Драган Симоновиќ – раководител на сектор за урбанизам вели дека досега не сме ја носеле оваа програма.

-„Во првата година ЈП Комуналец најверојтано ќе ја даде оваа дејност на овластено прифатилиште. За тој период додека се даде надлежноста на друга организација, Комуналец треба да се опреми со простор каде што ќе се стационираат кучињата и ќе се третираат соодветно. Заловените кучиња ќе се чуваат 24 до 48 часа согласно закон и ќе се регулира проблемот, да нема кучиња скитници на територијата на општина Кавадарци“-вели тој.

Во програмата се предвидува хумана еутаназија на бездомните кучиња во случај на појава на заразна болест. Контролата на квалитетот и исправноста во извршувањето на обврските на општина Кавадарци,согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и годишната програма ќе ја врши инсепкторатот од Агенцијата за храна и ветеринарство, а контрола над спроведувањето на општите мерки пропишани во програмата ќе ги врши општината. Од кавадаречкото здружение за заштита на животните Анима реино пак, пред извесен период имаа барање за Итно формирање на Полиција за животни, затвор за насилниците, масовна стерилизација како и забрана за слободна продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот и на луѓето и на животните.