Ако досега не сте биле АлШар нека биде мотив да го видите Мрежичко, Кожуф...Избегајте за момент од урбанизмот –вратете се во природата. Вториот АлШар годинава за официјален ке го прогласи за отворен најуспешниот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски.
Здружението Тиквешки Точакџии, ве повикаат да учествувате на вториот по ред отворен фестивал во недопрените предели на Кожув планина ,со посета и запознавање на мистериозниот АлШар.Настанот на јавноста и е познат по најаватана организаторот и оправдано на него се очекува да учествуваат мнкогумина .Ке се одржи од 9 до 11 јуни (петок ,сабота и недела)Под симболичен наслов -,,Допри го сонцето-Откриј ја тајната за почетокот на светот`` кавадаречките „Тиквешки точакџии“ организираат повеке содржини а вниманието го задржуваат:-Голема Планинска велосипедска тура 52Км-Мала Планинска велосипедска тура 28Км-Планинарење-Планинско трчање-Фамилијарен излет-Културно забавна програма за време на целиот настан
Вториот АлШар годинава за официјален ке го прогласи за отворен најуспешниот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски.
Организаторот напоменува дека сите учесници настапуваат на сопствен ризик.Со самото стартување,учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе,ниту кон другите учесници.Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.За учество отганизаторот потсетува дека е неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Во петок вечерта предвиден е :концерт на КУД ТИКВЕШ-Кавадарци со програма од танци и нивна кореографија и настап на тиквешката акустична Група "ТРИО ГРАНДЕ" .Во сабота навечер настап на Ди Џеј Славе Келешовски. Вниманието на јавноста потоа ке се привлече со премиерната проекција на новиот телевизиски и филмски проект ВРЕМЕ ЗА КАВАДАРЕЧКИ ХУМОР, ВРЕМЕ ЗА ЛАКРДИИТЕ НА ПАЈА- во продукција на РТК.МК.Потоа следува Ди Џеј забава и настап концерт на група Смоу Шејкерс.
Инаку факултативно со сабота напладене предвидена е посета на Темната Пештера - Факултативно со целодневни активности по слободен избор за Велосипедисти, за Хајкери, За Планинари, за учесници во планинско трчање , Демонстрација на Илија Стамаџиев и Рипата - одржување на велосипед. Во сабота исто така ке се одржи и дефиле и возење на крос мотори, АТV-а и теренски возила низ патеките на АлШар 2017.
Ова недела до петок ке се финализираат подготовките.Останува да се доживее АлШар 2017.
Дополнителни детални информации на :http://www.tikveskitocakdzii.mk/-резервација на стартни пакети tikveskitocakdzii@gmail.com или 070/911-912