Црква „Свети Димитрија„ 1905 година
Ова е најстарата досега откриена фотографија за црквата Св. Димитрија во Кавадарци. Снимена е во 1905 година од страна на рускиот полковник Николај Сурин, определен од големите сили да го надгледува спроведувањето на Мирцштегските реформи во Отоманската империја, тој бил задолжен за Тиквешката каза. Целата црква е оградена со висок ѕид, а камбанаријата не смеело да биде повисока од покривот на црквата.
Од архивата на Музеј-галерија