МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во четврток, 19 јануари, православните верници го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Во духот на христијанската традиција Македонската православна црква преку своите свештеници за верниците го организира водосветот со литургии во црквите кои завршуваат со фрлање на осветниот крст во поголемите водотеци.

Годинава по осми пат Македонската православна црква и општина Кавадарци ќе го организираат водосветот од мостот на Луда Мара кај „Јаворот“, како и на Браната „Моклиште“ кај селото Ваташа. Кавадаречкото свештенство за празникот „Водици“ 2017 година организира најпрвин света архиерејска литургија во црквите Св. Димитрија и Св. Петка, по што ќе уследат две свечени поворки-литии кон местото на водосветото. Литијата од старата црква кон реката ќе се упати во 10:30 часот, а од црквата Св. Петка во 10:15 часот.

15996258 1414692468565100 2146495221 n

Фрлањето на светиот крст во Луда Мара е во 11 часот од мостот кај Јаворот, додека потопувањето на светиот крст во Моклиште е закажано за во 12 часот.

Македонската православна црква апелира до верниците доколку сакаат вистински да го чествуваат водосветот најпрвин да присуствуваат на свечените литургии во црквите, а од таму организирано во поворка да дојдат до мостот. Исто така појаснуваат дека света вода треба да се полни од соодветните садови и базентчиња во самите цркви, а не од реката.

Димитар Мурџев

извор kavadar4e.mk