МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Хуморот дефининитивно ни е потребен .Дали животот со вицовите на Паја ке ви биде поведaр? ! !...

Во продукција на РТК.МК на 10-јуни во рамките на Манифестацијата „АлШар“ пред повеке посетители беа премиерно пикажани неколку вицови кои се реализирани според сценарио од двете книги и она што е обелоденето од витезот на смеата Златко Вузевски-Паја.

Првиот серијал брои 50-на вицови кои ги снимија актерите Видан Станоев и Милица Гочевска во улогите на Блажо и Мара ,во режија и актерство на Диме Коцевски,снимање и монтажа на „Кавадион„ на Тони Коцев, а повремено се појавуваат Елизабета Златева, Елизабета Галабова,Никола Деков и други наши пријатли кои имаат афинитети кон кавадречкиот хумор и сатира.Проектот се реализира по идеа и иницијатива на Љупчe Сапунџиев.

19105247_315916118844537_1676873211_o.jpg

На АлШар филмуваните вицови беа добро примени.Гласната смеа беше главниот барометар дека вицовите ке имаат живот секојдневно.Посебно ефективен беше крајот на премиерното прикажување , кога од филмското платно од виртуелниот свет излегоа Блажо И Мара и воспоставија интеракција со публиката потегот со дочека со аплауз.

19105125_315916128844536_930233949_o.jpg

Кога ке се емитуваат филмуваните вицови ?

Ке се емитуваат директно: секој вторник и петок во терминот од 10 часот на нашиот Фејсбук профил РТК.MK и на нашиот Веб Портал www.rtk.mk на секцијата RTK-LIVE. Репризите ке бидат емитувани секој вторник,петок и недела на RTK-LIVE од 21 .30 часот.

19104907_315916135511202_542141253_o.jpg

Бидете секој ден со Блажо и Мара ,тие нека бидат ви прават друштво кога пиете кафе, кога разговарате,кога шетате по ФБ, кога читате политика,кога имате проблеми или кога сакате да избегате од модерната депресија.