Станува збор за ревитализација на потег од овој пат во должина од 1.100 метри.
Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонијa претставувана од Министерството за финансии и Општина Кавадарци, склучија договор за грант до 260.000 евра. Овие пари Општина Кавадарци ги наменува за реализација на два инфраструктурни проекти со кои се подобруваат општинските услуги во локалната патна мрежа, како и во уличната мрежа во руралните населби.
Првиот проект се однесува за реконструкција и интервенции на локалните патишта за селата Дреново и Возарци, додека вториот проект е за асфалтирање и поплочување на улици и тротоари во селата: Марена, Дреново, Ваташа, Сопот и Глишиќ.
Деновиве во завршна фаза е реконструкцијата на делница од локаланиот патен правец Кавадарци.с. Дреново во должина од 1.031 метри. Се реконструира потегот од спојот на локалниот пат со региноалниот патен правец Кавадарци-Прилеп Трасата води по старото прилепско џаде до првата угорница кон село Дреново.
Согласно првиот проект се работи и на реконструкција на делница од локалниот пат Возарци - брана ХЕЦ „Тиквеш“ во должина од 1.150 метри.
Што се однесува до намената на гранотвите сретства од Европската Комисија наменети за реконструкција на улици и тротоари во селата, со овој проект се опафтени асфалтирање на улици во Ваташ во вкупна должина од 544 метри, полпчување на улици во селата Марена, Дреново и Сопот со вкупна должина од 646 метри, како и поплочување на тротоари во селата: Марена, Сопот и Глишиќ со вкупна должина од 566 метри.
Согласно спроведената тендерска постапка по правилата на Светска банказа за овие проекти од европскиот грант ќе бидат потрошени 11.881.625 денари.
Откако ќе се реализира целосно проектот, тоа ќе значи подобрување на условите за живеење во овие кавадаречки села и тоа со дирекнта помош на граѓаните на Унијита.