Избор за учениците се :Шумарско-дрвопреработувачката,Земјоделско-ветеринарската, Угостителско-туристичката и Хемиско-Технолошката струка.
Средното Општинско Земјоделско училиште „Ѓорче Петров„ ги започна уписите за четирите свои струки кои се изучуваат во ова образовна институција една од најстарите кај нас.Годинава учениците можат да се запишуваат во: Шумарско-дрвопреработувачката,Земјоделско-ветеринарската, Угостителско-туристичката и Хемиско-Технолошката струка.
Првото пријавување за запишување е превидено во два уписни рока . Првото пријавување ке се одвива на 28 и 29 јуни а резултатите ке бидат објавени на 30 јуни.
Второто пријавување е превидено да се врши на 5 јули а резултатите училиштето ке ги објави на 6 јули.
Пријавувањето и запишувањето на завршените основци за августовскиот уписен рок ке се одвиваат на 24 август а резултатите од запишувањето и слободните места ке бидат објавени на 25 август.
Ако во двата уписни рока не се пополнат утврдените ученички места со запишувањето се продолжува до 31 август годинава.