Ротаракт клубот од Кавадарци за кратко време постигна забележителни резултати .Во саботата Здружението беше домаќин на заедничка средба на Ротаракт-клубови од земјава и Ротари клубот од Кавадарци
За кратко време од своето постоење Ротаракт клубот од Кавадарци постигна многу. Беа донирани ЕКГ апарат за Општата болница во Кавадарци, и нов покрив на соблекувалните на ГФК Тиквеш во Спортскиот центар „Јасмин“.Во наредниот период напорите за помош ке бидат насочени кон реконструкција на училиштата во Општина Кавадарци, а ке продолжи и акцијата „Велигден во секој дом“ ,секако ке продолжи донирањеро на на храна,облека и други подарои за социјално загрозени семејства како и еко акции, и акции за подобрување на општествената свест.“ -вели Владимир Кероски -претседател на Ротаракт клубот од Кавадарци.
Здружението брои 17 членови.На свеченоста во саботата на 27 октомври беа присутни гости од ротаракт клубови од неколку градови од земјава и членови на Ротар клубот од Кавадарци.
Пред камерата на РТК.МК изјава даде Владимир Кероски-претседател на Ротаракт клубот од Кавадарци.