Изградба на спортската сала на ДТВ Паризан во Кавадарци 1955 година.
Спортската сала во Кавадарци започнала да се гради во 1954 година, а свечено е пуштена во употреба на 7 Септември 1956 година. Ова е првата новоизградена спортска сала во Македонија. Капацитетот на салата е 800 гледачи а на дерби натпревари во македонската кошаркарска лига не ретко имаше и повеќе од 1000 гледачи. Кавадарчани во неа имаа можност да видат и неколку натпревари од првата кошаркарска лига на Југославија помеѓу КК Работнички со Локомотива од Загреб и Партизан од Белград, кога теренот на КК Работнички им беше казнет.
Фототрка на Музеј Галерија Кавадарци