Продукција на РТК.МК успеа да откине мало парче кавадаречко секојдневие, од творештвото на Златко Вузевски,и да ја пробуди во нас ведрата страна на животот-хуморот и смеата
И првата и втортата проекција на „ЛакардиитенаПаја“ (14 и 15 ноември)помина беспрекорно. Ви благодариме за полната сала. Целта да Ве "расплачеме" од смеа беше успешна. Вашите насмевки, се наш мотив да продолжиме со работа.
„Лакардиите на Паја-Блажо и Мара“ и на големо платно беа примени одлично кај публиката.Сите 42 вица кои беа комбинирани со мали ефекти,соодветна музичка подлога,во големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ предизвикаа спонтана смеа,дури и за делови од хуморот каде не се надевав.
Излезе симпатично, а пред се блиско за гледачите.Пајата (Златко Вузевски) од чија продукција откинавме мало парче кавадаречко секојдневие,успеа да го ја пробуди во нас ведрата страна на животот.Голема благодарност за публиката која не следи на социјалните мрежи и за оние кои дојдоа во живо да ги видат;Блажо,Мара,Нацо,Нада,Пер’тo, Ристо,ПАЈАТА и другите јунаци и творци на ова видео издание на РТК.МК.Во знак на бладодарност за подршка за првата сезона РТК.МК им врачи благодарници на оние кои први ни веруваа дека ке успееме со Блажо и Мара: Инел-Интернационал,Кожувчанка,Тиквешки точакџии,Дом на Култура,Црна Река и Ресторан Златна Рипка.
Интеракцијата со публиката беше на потребното ниво, и за нас тоа е доста важно.И покрај гледаноста на социјалните мрежи, интересот во салата беше неверојатно искрен
Едноставно секојдневните проблеми престанаа да бидат преокупација.Царуваше смеата-она искрената.Главната улога ја имаше хуморот. Продукцијата на РТК сега станува препознатлива по „Лакардиите на Паја„, и затоа ке продолжиме со новогодишна едиција а напролет и со втората сезона.
По двете проекции , наскоро ке има повторна средба на Блажо и Мара и другите учесници во „Лакардиите на Паја„ во салата н Домот на Културата.Ке ве известиме за тоа навреме.
РТК.МК