МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Гостите придружувани од генералниот директор Лукас Мирингер направија обиколка низ фабриката

-„Дрекслмајер“ посака добредојде на група пратеници од Баварскиот парламент.Во рамки на тридневната посета на Македонија, група пратеници од баварскиот парламент ја посети фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци. Пратениците одблиску се запознаа со принципите на работа на компанијата, имплементираните меѓународни стандарди како и идните планови во Македонија. Во фокус на посетата исто така беше и концептот на дуално образование, односно програмата за двојна настава.

0202020200000000.jpg.JPGГостите придружувани од генералниот директор Лукас Мирингер направија обиколка низ фабриката и имаа можност да стекнат слика од производствениот процес и финалниот производ кој компанијата го испорачува на клиент од премиум сегментот во автомобилската индустрија.

„Воодушевена сум од она што го видов во „Дрекслмајер“ и драго ми е што во оваа баварска компанија се спроведуваат меѓународни стандарди кои важат глобално. Го поздравувам ангажманот во делот на образованието на младите луѓе, особено концептот на дуалното образование кој компанијата успешно го спроведува. „Дрекслмајер“ реализира многубројни добротворни проекти поврзани со регионот и секако ова е клучна карактеристика на една општествено одговорна компнија“, рече Силвија Штирштофер пратеник и претседател на комисија во баварскиот парламент.

030030004004040040.jpg.JPG

„Драго ми е што „Дрекслмајер“ беше домаќин на делегација од баварскиот парламент и што пратениците имаа можност да понесат впечатоци од производствените процеси, моменталната состојба како и идните перспективи на компанијата. Се радувам што Кавадарци вчера беше местото кадешто се одржа една „баварска средба“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на „Дрекслмајер“ Македонија.