„Продолжува изградбата на велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица. Во оваа фаза од изградбата Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставуваше дел од нисконапонскиот кабел за јавното улично осветлување. Според проектот долж патеката лоцирана непосредно до двата брега од реката Луда Мара. Патеката ќе биде осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри..
Рекреативната патека ќе биде со широчина од 4 метри покриена со бехатон коцки. Ќе се изградат и 4 метални мостови, а долж трасата ќе се постават и камери за видео надзор.
Согласно проектот ќе се изградат и 5 попатни станици-одморалишта на локации кои ќе бидат урбанизирани и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.
Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари„- наведуваат од Кабинетот на Градоначалникот наОпштина Кавадарци Митко Јанчев.
м.д.