МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Средното Општинско Земјоделско училиште „Ѓорче Петров„ ги започна уписите за четирите свои струки

Во ова институција, една од најстарите кај нас ,кои образуваат ваков профил на кадри годинава годинава учениците можат да се запишуваат во: Шумарско-дрвопреработувачката,Земјоделско-ветеринарската, Угостителско-туристичката и Хемиско-Технолошката струка.

Првото пријавување за запишување е превидено во два уписни рока . Првото пријавување ке се одвива денеска и утре 29 јуни а резултатите ке бидат објавени на 30 јуни.

Второто пријавување е превидено да се врши на 5 јули а резултатите училиштето ке ги објави на 6 јули.

Пријавувањето и запишувањето на завршените основци за августовскиот уписен рок ке се одвиваат на 24 август а резултатите од запишувањето и слободните места ке бидат објавени на 25 август.

Ако во двата уписни рока не се пополнат утврдените ученички места со запишувањето се продолжува до 31 август годинава.

Денеска го посетивме училиштето.Наставниот и раководниот кадар денееска подготвен да одговори на сите информации потребни за прашања наменети за запознавање со конкрените образовни струки. Очигледен беше интересот на завршените основци за занимањата кои овде им се нуди обрзаование а се однесуваат за: Техничар во шумарство и пејсажна архитектура,Техничар за мебел и ентериер,столар/тапетар-декорате, потоа Tехничар за фармерско производство , лозари- винарски техничар,Tехничар за агроменаџмент,градинар-цвеќар , потоа, келнер, и месар.