Ова училиште од Кавадарци образува кадри за две струки - машинска и електротехничка.
Кадрите кои се школуваат овде се обучени за машински техничар и автотехничар мехатроничар, како и електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации.Ова се струки на иднината,стручни занимања кои нудат можност за дошколување во одредена област или директно влегување во производство односно вработување.Тоа е предноста која во ова фаза на уписот привлекува доста заинтересирани .
Уписите на нови ученици во Средното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ ,како и во другите средби училишта кај нас, се одвива денеска и утре.
На 12 јуни во Средното училиште за образување на кадри за стручно образование „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, се понуди можност за нови образовни видици.Како тогаш така и денеска компанијата „Дрекслмајер„ на идните и сегашните средношколци во кавадаречкото училиште им понуди практична работа која би се изведувала во фабриката во Кавадарци.Таа е со програма според европски стандарди,трае 5 до 9 часови,се одвива во комплетно опремени работилници и на модерни машини инструменти и технички помагала и овозможува примена на теоретските знаења во пракса.Во рамките на ова обука компанијата од Кавадарци обезбедува превоз од училиштето до фабиката,топол оброк,симболичен паричен надоместок.На крајот се издава сертификат со печат на Дрексмајер и најважното: се создава можност за вработување по успешното завршување на средното училиште.
Инаку првиот уписен рок во СОУ„Киро Спанџов Брко“ се одвива денеска и утре а резултатите од уписот ке бидат соопштени на 30 јуни. Вториот уписен рок пак е предвиден за 5 јули , а веке наредниот ден на 6 јули ке бидат соопштени резултатите .Последниот уписен рок за учениците кои ке се решат своето средно образование да го оформат во „Киро Спанџов Брко„ го имаат на 24 август годинава, додека резултаите од уписот ке се соопштат наредниот ден.