МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Имате последна шанса ова лето да ја изгледате репризата.Eкипажот ве очекува во четврток навечер.

Хит претставата-комедијата „Стјуардеси“ на Марк Камолети во режија на Диме Коцевски и улоги на актери од Кавадаречкиот театар , ке биде за последен пат изведена ова сезона.Пред стартот на летните одмори за сите што не ја виделе им се нуди можноста да се насмеат и релаксираат со автентичниот кавдаречки дијалект и хумор.

Од колетивот на Домот и сите учесници на ова рекордно гледана претстава сметаат дека салата на Домотна културата,ќе биде исполнета до последното седиште, затоа што од 20 часот и 30 минути ќе започне последната реприза за оваа Театарска сезона на огромниот хит на Кавдаречкиот Театар .

Добро е годишните одмори ви почнат со многу смеење. А за тоа ќе се погрижи екипата: Костдин Прокопов,Видан Станоев,Валентина Ѓорѓиева,Зорица Стефковска,Ребека Малиминовска,Даниел Уневски,Никола Деков,Ѓорѓи Ицев,Драги Алексовски,Борис Ифтимов и Диме Коцевски.

www.rtk.mk на својојата програма во живо од 12 до 16 часот, на ФБ профилот на live stream ке ја емитува емисијата реализирана со дел од актерите на ова претстава.Ова емисија гледајте ја и на порталот-секција - емисии.

Продажбата на билети од 18 до 20.30 часот.

фото: Тони Коцев