МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Единствено важно за СДСМ и Зоран Заев се криминалот и корупцијата.СДСМ и Заев за три години власт донесоа само мизерија и низок стандард за живеење. СДСМ тотално потфрли на економски план, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Заради лошите економски политики на власта, граѓаните се се повеќе сиромашни. Податоците говорат дека со СДСМ и Заев дури над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата во Македонија. Покачувањето на платите со кое што се фали СДСМ е само фиктивно, а граѓаните немаат почувствувано ниту една добра и реална мерка од страна на СДСМ која ќе им го подобри животниот стандард.СДСМ и Заев пред да дојдат на власт говореа дека Македонија има преобемна и неефикасна администрација за сега кога дојде на власт континуирано да го зголемува нејзиниот број. Единствениот интерес на СДСМ е да ги вработи своите партиски послушници за кои реално нема потреба во и онака пренатрупаната администрација.За тоа дека владата води неуспешни економски политики говорат и фактите дека во Македонија над 140.000 млади се сиромашни. Според истражувањата дури 71,8 од младите сакаат да се иселат додека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната. СДСМ и Заев не донесоа ништо добро. Криминално рекетарската банда на чело со Зоран Заев мора да замине за граѓаните конечно да се ослободат од економската и егзистенцијалната агонијата која трае повеќе од 3 години.На 12 април доаѓа Обнова на Македонија. На 12 април граѓаните ќе ја донесат мудрата одлука и ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа ќе дадат поддршка за реални проекти и мерки од кои најголема придобивка ќе имаат токму граѓаните и младите во Република Македонија.„ се вели во реакцијата.