МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вкупно 58 позитивни и сомнителни случаи откри новиот мамограф од кавадаречката општа болница за период од девет месеци, информираше денеска Орцо Ангеловски, директор на болницата.

-Вкупно 1.366 прегледи беа направени од 20 септември кога добивме ваква апаратура до сега, а 948 во текот на првата половина од оваа година, соопшти тој.

Сите позитивни и сомнителни случаи се препратени на дополнителни испитувања и лекување.