МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kонцертот кој синоќа во Кавадарци го реализираше овој брачен пар, познат по одличното пеење и музицирање,наиде на големо водушевување

Весна Дуганова, сега Лаконе, основно музичко училиште заврши во Кавадарци а школувањето го продолжи во Скопје. Соло пеење дипломира на најпрестижниот конзерваториум во светот, римскиот Санта Чечилија во учебната 2003-2004 година, во класата на професор Ѓовани Скјарпелети. Истата година во рамките на Санта Чечилија доби и диплома за високо вокално познавање за сопрани и контра алти.

Серџо Лаконе е познат италијански тенор, полуинструменталист и етномузиколог. Лаконе два пати учествувал на престижниот музички фестивал Сан Ремо. Соработува со голем број музичари и солисти, учествува како тенор во театри и тв-серии, а исто така има пишувано и музика за театри, филмови и телевизиски серии. Лаконе до сега има издадено неколку цедеа и е автор на многубројни интернационални хитови.

2222222222222222222.JPG.jpg

Во своето кратко обраќање пред присутните во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов Климе” во Кавадарци, Дуганова упати благодарност до сите кои дојдоа да уживаат во концертот.

На концертот како придружба со хармоника, настапи кавадарчанецот Стефан Волчев.

Директорот на културниот дом Владимир Темков рече дека кавадарчани имаат посебна чест и задоволство да присуствуваат на еден несекојдневен настан, настан кој ретко се случува во Кавадарци.

-Весна Дуганова е еден од познатите европски соло пејачи, во моментов времено престојуваат во Доминиканската Република, рече меѓу другото Темков.