Сончевото време масовно гo зрее кардиналот и раните сорти трпезно грозје
Вo Тиквешијата трпезните сорtи годинава нешто пoрано од вообичаеното време се спремни за берба.Рекордната количина од 20 милиони килограми, колку се бере во Тиквешијата,се очекува и годинава да биде набрана, со тоа што пласманот е најбитен.Ако има организиран откуп со извоз во странство, тогаш нема да има проблем, во спротивно ке биде тешко.
-„Имам три декари кардинал.Дедо ми произведувал „Кардинал“ а еве и јас.Преку 50 години произведуваме ваква сорта.Нормано лозјето го обновувам.Имало рекордни години, кога од овие три декари сме береле и по 7 тони грозје.Лозјето е под систем за наводнување.Ова година родот е слаб ,ама е доста квалитетен што се гледа.Цената на пазарот е добра, денеска е 50 денари килограм.Наместо да одам во откупните фирми каде цената падна на 30 и 35 денари,и на овој начин ке си го продадам,кило по кило„ - вели Ѓоко Младенов од Марена кого денеска го затекнавме на Градскиот зелен пазар каде продаваше убав црн „кардинал“.
Инаку на откупните пунтови во Тиквешијата , компаниите плаќаат 30 и 35 денари за килограм, на дивите пазари е слично со таа разлика, што нема сигурност.Ако ти се погоди можеш да добиеш добра цена, но може и да се вратиш со полни гајби дома.Затоа е добро да се практикува сигурен откуп па макар и по пониска цена.Но пред се за да бараш повеке секогаш најдобар адут да имаш квалитетно грозје.