Конечно тротоар се гради и на левата страна на прометната улица „Браќа Џунови“(покрај реката “Луда Мара“).
Комуналната изградба во Општина Кавадарци се одвива непречено. Започна реализација на проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „Киро Спанџов“ во правец на спојот со улицата „Слога“.На овој дел ќе се постават бехатон плочки на површина од 300м2, за што општината инвестира сума од 260.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот на Општината, сметка за комунална изградба.Реализацијата на овој проект е на барање на жителите од овој дел на градот.