Ѓорѓиев е актуелен претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.
На предлог на Владата на Република Македонија, деновиве , Управниот Одбор, едногласно го избра Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми, соопшти општинската организација на СДСМ од Кавадарци.
Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години.
Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.