Toj е сретна со екологисти од повеќе градови во Кавадарци. Тие како членови на Движењето на екологисти на Македонија, го запознаа со еколошките проблеми во нивните општини.
- Во овој момент граѓанските здруженија и невладините органзиации имаат собрано многу знаење и многу искуство и денес овде во Кавадарци разговараме со здруженија пошироко од регионот кои ги акцентираа жешките точки, рече Макрадули во изјава за медиумите.
Нагласи дека има добри предлози кои Министерството не само што ќе ги ислуша, туку и ке ги имплементира.
-На Македонија и треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда , Министерството и Владата се спремни да влезат во сеопфатна акција за здрава животна средина, изјави Макрадули.
Тој потсети дека Министерството има своја задача за оценка на влијанието на сите објекти кои се градат и имаат влијание врз животата средина.
-Тоа е стручна анализа.Ние затекнавме една состојба на издадени дозволи, тие ке бидат предмет на анализа. А оние кои почнуваат ке бидат третман на мониторинг, согласно европските нормативи, рече тој.
Сметам, нагласи, дека Министерството и Владата треба да преземат мерки во врска со загадувањето на Кавадарци кои што планираме да ги направиме за да го намалиме аерозагадуувањето, тоа е постојана борба, која за жал во неколку градови меѓу кои и Кавадрци е присутна и потребна.
-Ке се здружиме заеднички не само со локалната самоуправа ,партнерски и со граѓаните, за да ја намалиме емисијата на штетни гасови во атмосферата, додаде Макрадули.
Претседателот на регионалниот еколошки центар "Еко-живот" од Кавадарци Роберто Паризов беше дециден дека се против отварање на рудник на планината Кожуф.
-Тоа се наши бели дробови и извор на води за пиење. Околината на месноста Дудица треба да се прогласи за заштитетно подрачје за да се заштитиме и во иднина, додаде тој, нагласувајќи дека оваа средба со заменик министерот ке биде од корист и за еколозите и за Министерството за живитна средина.
Ненад Коциќ од "Вила зора" од Велес соопшти дека последните испитувања таму покажуваат енормно загадување со олово,кадмиум и цинк и дека главен проблем останува кадмиумот.
-Под итно е потребна интеревенција од соодветните органи, за да се запре ова загадувае кое е сеуште присутно, нагласи Коциќ.