Првиот учебен ден започна во сите училишта во Опшина Кавадарци
Во Кавадаречките основни училишта ова учебна година се запишаа нови 340 првачиња.Ова е просек на запишани ученици во прво оддеелние последниве години, и советникот за образование при локалната самоуправа смета дека се создадени сите предуслови за образование и воспитување на нашите најмлади членови на општеството .
Направени се сите предуслови се се санираат оштетувањата, да се изградат нови содржини потребни во школите во Кавадарци , така што новите генерации ги имаат оптималните услови за своја надградба во образованието .Тоа на што наставниците треба да се посветат внимание е воспитувањето, на кое не само тие туку и стручната зедницата треба да обрне внимание.Доброто воспитание е предуслов за добро образование.