Членот на Централниот одбор на СДСМ Надица Дамова ,денеска одржа прес конференција, на која се осврна за вложувањата на Владата и владеачката партија во подобрување на условите за згрижување на најмладите во Детската градинка и нејзините објекти во Општина Кавадарци.
интегрален текст:
„Почитувани претставници на медиумите
Почитувани сограѓани
Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок.
Токму поради овие причини оваа Влада посветено работи на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки како низ цела држава, така и во општина Кавадарци.
Кавадарци беше една од општините каде што имавме голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
За две и пол години Владата предводена од СДСМ целосно го реши овој проблем.
За прв пат сите пријавени деца, се примени во детските градинки во општина Кавадарци.
Министерството за труд и социјална политика за таа цел, во партнерство со локалната самоуправа, инвестираше 1,4 ,милиони денари во целосно опремување и адаптација на детската градинка “Буба Мара”.
Со ова го зголемивме капацитетот на сместување за 75 нови деца.
Покрај ова инвестиравме 2,6 милиони денари во доградба и опремување на детските градинки “Снежана” и “Детелинка”, со што го зголемивме дополнително капацитетот на сместување за 125 деца.
Инвестиравме 619.000 денари за отварање на нова детска градинка во с. Марена со капацитет од 23 деца.
Извршивме целосна реконструкција и опремување на простор за детска градинка во с. Возарци.
Село Возарци за прв пат доби своја детска градинка.
Исто така Министерството за труд и социјална политика започна со изградба на нова детска градинка во Кавадарци. Инвестицијата е во вредност од 52 милиони денари, со која ќе се зголеми допонително сместувачкиот капацитет за 155 деца.
Вкупните инвестиции во изградба, реконструкција и опремување на детските градинки за период од само две и пол години изнесуваат 57 милиони денари, односно неспоредливо повеќе во однос на целиот период на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат и понатаму приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Со ова покажуваме дека политиките на СДСМ се на прав пат.
Надица Дамова
Член на Ц.О на СДСМ„.