МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тие ке бидат централни личности на вечерашниот карневал

Султана Малинкова и Ифтимов Борис ќе имаат централно место на вечерашниот Тиквешки вински карневал, откако доцна синоќа во ресторанот „Моклиште“ беа избрани за вински крал и кралица.

Покрај тоа што ќе го предводат тиквешкиот гроздобер, Малинкова и Ифтимов во наредните 365 денови ќе бидат симбол на младоста и убавината на Тиквешијата.

Во нивна придружба на вечерашното карневалско дефиле ќе се појават и останатите девојки кои беа дел од синоќашниот избор.

За потсетување, почетокот на карневалот според официјалната програма е закажан за во 18 часот.