МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пред старт новиот Алшар 2018 .Годинава, ќе донесе и голема забава во фестивалската кампинг зона, лоцирана во живописното село Мрежичко.

Според официјалната програма Алшар 2018 ќе започне во петок, 8 јуни, со пристигнувањето на првите учесници, за во 20 часот е закажан концертот на Културно уметничкото друштво „Тиквеш“, додека првата фестивалска вечер ќе ја затвори групата „Чардак“.

Сабота е резервирана за моторите и теренските возила кои ќе продефилираат по малата, средната и големата велосипедска патека, а по пладневната „сиеста“, ќе следи настап на диџеј Славе Келешовски, закажан за во 19 часот и 30 минути, од 21 часот ќе се прикажуваат Лакардиите на Паја, а во 22 и 30 ќе настапи кавадаречкиот рок состав Бадасал.

Последниот ден , недела 10 јуни-по будењето со македонската химна и традиционалниот кавадаречки појадок со пешии, ќе следи официјалното отворање на фестивалот, кое е закажано за во 10 часот. Веднаш по отворањето ќе следи и стартот на големата велосипедска тура, половина час подоцна ќе започнат средната велосипедска тура и големата планинарска тура, а во 11 часот ќе стартува малата велосипедска и малата планинарска тура.

Пристигнувањето на учесниците во фестивалската зона се очекува по 14 часот, за кога е предвидена богата музичка и наградна програма за сите оние кои ќе ги купат своите Алшар пакети,а официјалниот крај ќе биде означен на третата Алшар авантура некаде околу 20 часот.

Да потсетиме главен организатор на настанот е Здружението „Тиквешки Точакџии“ од Кавадарци а манифестацијата ја помагаат и поддржуваат : Градоначалник Митко Јанчев , Совет на општина Кавадарци, Кожувчанка ДОО, Инел Интернационал, Дрекслмајер, Витаминка, Метал Апостолов, Слога, Ресторан Ексклузив, Камес, Екстра Бус, Анел Маг 97 и многу други.

34344561_949245498582031_7501706801088299008_n_1.jpg34385035_949245458582035_8628910286339833856_n.jpg