МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новинарката во пензија објави прва збирка поезија и покажа дека никогаш не е доцна да се почне да се пишува.

Животот е одисеја за Маријана Пешиќ.Треба да патуваш низ времето и да трагаш по она што го сакаш.Треба да бидеш оптимист.Таква е Маријана отсекогаш, и кога беше млада спикерка,новинарка, уредничка,директорка на Радио подоцна и на РТК, таква е и сега кога е пензионерка.Неуморна, секогаш со нова идеа,жена што не се предава однапред.Сега на позни годин и како зрела госпоѓа на животот пак гледа со оптимизам , но сепак на моменти ја совладува тагата за времето кое поминало.Затоа и реши и напиша 70-на песни и ги смести во нејзината прва збирка поезија со наслов „Оган во срцето“.

Одлична поезија,која зборува за чувствата изронети од длабочината на душата,во која таа копнее,ја опфаќа тага,се сеќава, љуби,мечтае, и се препушта на судбината, рече на промоцијата новинарот Мирјана Мукаетова.

Таа се осврна на времето во кое со Пешиќ го помина во Радио а подоцна и ТВ Кавадарци (РТК) каде низ медумската професија и заедничкиот колегијален живот повеке ја запозна ова секогаш оптимистична жена.Таа и тогаш беше посебна жена со стил на облекување, комуникација,новинарски пристап,раководење.Овој нејзин поетски крик таа и на овие години го направи успешно, зрело, реше меѓу другото Мукаетова.

Инаку песни од збиката прочита поетесата и писател Тодорка Андова.

Авторката Маријана Пешиќ , родена 1947 година целиоит работен век го помина како спикер,новинар,уредник и директор во РТКавадарци.Сериозниот емотивен поетски набој го искористи за творештво последниве години и затоа овој првенец е особен и ветува богат поетски опус.Маријана на промоцијата која беше масовно посетена од нејзини обожаватели рече дека верува дека со внимание ке бидат прочитани нејзините песни, затоа што се што е напишано е створено од срце,како дел од нејзината емотивна душа.

Пеачката група при Здружението на пензионери Кавадарци изведе една елегична љубовна народна песна.