Настанот е во рамките на проектот Културна (Р)еволуција е поддржан од: Општина Кавадарци, Дом на култура „Иван Мазов - Климе“, Младинскиот информативен центар „Сега“, Младинскиот центар „Креактив“, Советот за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД и здружението на граѓани „Зона“, како и од медиумските поддржувачи КТВ телевизија, Радио Галакси, rtk.mk и kavadar4e.com
Со цел да се обнови библиотечниот фонд на средните и основните училишта во градот, Советот на млади од општина Кавадарци и Асоцијацијата на агенции за локална демократија, АЛДА Скопје заедно со најдоброто од кавадаречката музичка сцена ќе организираат голем музички хепенинг за кој влезницата изнесува само една книга.
„Во вторник, 19 септември, донирајте книга за градските училишта и бидете дел од уникатното дружење со нашите кавадаречки гордости Наташа Малинкова, Перо и Пикси, Smoke Shakers, Bad Ass All, Ориентал Бенд и Лидија Паскова, Харизма Бенд, Александра Михова, балетско студио „Венус“ и студио за танц „Линеа““ - се вели во изјавата до медиумите од Советот на млади на општина Кавадарци.
Музичкиот хепенинг ќе се оддржи во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, со почеток од 20 часот, а сите собрани книги ќе бидат донирани на училишните библиотеки во градските основни и средни училишта.
Настанот „Донеси книга - слушни музика“ кој е во рамките на проектот Културна (Р)еволуција е поддржан од: Општина Кавадарци, Дом на култура „Иван Мазов - Климе“, Младинскиот информативен центар „Сега“, Младинскиот центар „Креактив“, Советот за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД и здружението на граѓани „Зона“, како и од медиумските поддржувачи КТВ телевизија, Радио Галакси, rtk.mk и kavadar4e.com.