МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани медиуми

Почитувани граѓани

Во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој граѓанин и за секоја компанија.

Преку четири пакети на економски мерки, 1,2 милијарди евра завршија директно кај граѓаните и кај компаниите.

Покрај четирите пакети на мерки, започнува реализација и на петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните, за стабилна и развојна македонска економија како и подобрување на ликвидноста на стопанството.

Овој нов, петти пакет економски мерки содржи 29 мерки во вредност од 160 милиони евра.

Една од целите е да дојдеме повторно до стапки на економски раст помеѓу 4 и 5%, каков што имавме пред пандемијата на коронавирусот.

Мерките се распределени во 4 главни столбови и тоа:

Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.

Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.

Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки.

И четвртиот столб – директно поддршка за граѓаните.

И овој пакет мерки, исто како претходните четири има за цел да спаси што повеќе работни места, но истовремено и да ја раздвижи економијата, да биде подинамична и поконкурентна.

Затоа прва мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од 1 милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари со опфат од околу 60.000 работници месечно.

СДСМ преку институциите што ги води покажа максимална грижа за здравјето на граѓаните но и за работата на компаниите, за платите на работниците, за зачувување на работните места.

Ја одржавме економијата витална и успеавме. Најтешкото е зад нас.

Продолжуваме со развојна компонента за раст и развој на нашата македонска економија.

Ви благодарам

Вуко Мелов

Член на И.О СДСМ Кавадарци„

347900-jpg