МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-„При патувањето со возилата возевме најисправно, брзината беше по прописи, на влезот во Скопје не не сретна никаква сообраќајна полиција, пред Автокоманда спроти спортската сала набрзина не претекна возило кое не беше службено, ниту обележано.“-вели Лазар Којчев кој е дел од најтесното раководство на фирмата Кожувчанка , чиј директор Митко Јанчев е кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со сирена, на десет метри излезе пред нас и заврти десно да се паркираме и ние. Нашиот возач го стори тоа истото без никакви проблеми, веднаш се паркиравме, вели Којчев.

Како што застанале, сведочи Којчев, виделе дека странично излегле цивилни лица со вперени пиштоли директно во возачот и во сите четворица вперени биле вперени пиштоли. Во тој момент, Којчев помислил дека станува збор за разбојништво или некој сака да ги киднапира.

-При излегувањето од возилото, во секој од нас беше вперен пиштол и ни беше наредено да излеземе и да кренеме раце. Ние излеговме и се построивме, во тој момент се уште не знаев дека луѓето се полицајци. Не натераа да се отстраниме од возилото, а одма се изврши претрес на мерцедесот. Едниот полицаец беше многу возбуден, дури и рацете му се тресеа. Не најдоа ништо, само пропратни документации, се што побараа им дадовме. Бевме легитимирани сите. Во тој момент зад нас пристигна и нашето второ возило, кое исто беше прегледано. Сите бевме стресени. Од сите страни за десеттина минути се појавија неуниформирани лица, од кои само еден носеше значка на градите дека биле „Алфи“, вели Којчев.

Кога прашале зошто се застанати, добиле одговор: „вие не сте тие кои што треба да знаете зошто сте застанати“.

-Ние со возилото никаде не бевме застанати од страна на службени лица или сообраќајна полиција, ниту со палка застанати. Тоа беше за мене еден голем шок. Главниот полицаец кој најмногу зборуваше, рече „Требаше јас по наредба вас да ве легнам сите на земја и да ви ставам лисици“. Во разговор со едно од тие лица, случајот ни го опиша дека наредба било дека од Кавардаци е тргнато возило мерцедес со тешко вооружени лица и дека во истото возило се наоѓа дрога. Такво нешто ниту сме имале, ниту сме поседувале“ рече меѓу другото Лазар Којчев во вчерашната изјава за новинарите,која доаѓа по низата пишувања во јавноста .