МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во демантот испратен до нашата редакција а во врска со објавите на некои портали за поднесена кривична пријава против Надица Кабранова- Атанасова како сопственик на Друштвото Нова Логистик од Кавадарци за сторени кривични дела, таа остро ги негира обвинувањата.

„Имено од моја страна како сопственик не е сторено ниту едно кривично дело кое се нведува во пишувањата и објавите во порталите.

Купопродажбата на Нова Логистик ДООЕЛ Кавадарци е во склад со позитивните законски прописи,и се донесени сите потребни документи од надлежните органи за спроведување на ваквата купопродажба, за која се надевав дека ќе имам некој позитивен ефект. Напротив со купопродажбата на Нова Логистик ДООЕЛ до денес се нема остварено никаков позитивен ефект, и исто како и сите други доверители на Фени имам побарувања кио друштвото Нова Логистик неможе да ги наплати во моментот и да ги исплати доверителите.

Објавување на мое име и презиме за некакво сомнение е повреда на Законот за заштита на личните податоци и клевета за кое ќе поднесам приватна тужба за клевета.

Како што може да се види од објавите, поднесената кривична прјава е од БСГР – малцински акционер на Кунико, кој е поранешен сопственик на Фени, а зад кое стои лице уапсено и осомничено во Израел за сторени кривични дела.

Како би можела да докажам дека немам никава вмешаност во делата кои се објавуваат во наводната кривична пријава , ги повикувам сите државни институции да го проверат работењето на Нова Логистик за да утврдат дека нема сторено ниту едно кривично дело за кое се пишува на порталите. Откако се ќе биде докажано ќе поднесам кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело според К3 на РМ , против подносителот на било која кривична пријава против Нова Логистик ДООЕЛ и против мене лично како сопственик.

За крај морам да кажам дека во време на турбуленции во фабриката Фени Индустри АД Кавадарци сметам дека поднесувањето на било какви неосновани кривични пријави може само да наштети на работењето на комбинатот“,

се вели во демантот на Надица Кабранова – Атанасова во врска со објавите на некои портали за поднесена кривична пријава против неа.