МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Бетијан Китев одржа прес конференција посветена на решавањето на патната инфраструктура во Кавадарци

„Кавадарци заслужува многу подобра патна инфраструктура. Изминативе 8 години, многу малку се инвестираше во подобрување на состојбата на патиштата во Кавадарци. Моментално состојбата со улиците и булеварите во Кавадарци е катастрофална. Некои улици се целосно раскопани и непроодни.

Граѓаните возејќи по такви улици, значително ги оштетуваат своите возила, но исто така и безбедноста на сообраќајот е намалена. Најочигледен пример е Северниот булевар каде сме денес, кој е главна сообраќајна артерија и обиколница на Кавадарци. Тој е целосно уништен, и е често пати непрооден, особено во зима или кога врне дожд.

Нашиот план е да градиме одговорно, квалитетно и домаќински. Во нашата Програма „План За Живот во Кавадарци“, покрај реконструкцијата на влезовите, планираме и замена на асфалтот на главните улици во градот, но и периферијата, кој поради забот на времето е значително оштетен.

Сметаме дека со овој зафат значително би се подобрила патната инфраструктура во Кавадарци и би се олеснило движењето на возилата. Кавадарци како индустриски град заслужува и мора да има подобро средени улици и патишта.

Планираме и изградба на три нови кружни текови. Со изградбата на овие три нови кружни текови би се постигнала подобра регулација на сообраќајот во градот, но и значително би се подобрила безбедноста.

Во нашата програма имаме предвидено и реконструкција на уште многу улици, како во градот, така и по селата.

Само со квалитетна инфраструктура може да имаме квалитетен живот во нашиот град!„ се вели во денешното соопштенеи од прес конференција на Китев.